Добар викенд имаа македонските фудбалери што играат во странските првенства, а најдобриот потег му припадна на Иван Тричковски. Фудбалерот на Васланд Беверен постигна еврогол со удар од далечина, а ракетата на македонскиот репрезентативец ја собра пајажината од голот на Босут, чуварот на мрежата во тимот на Зулте Варегем.
Со гол и асистенција се истакна и Агим Ибраими во дресот на Калјари, а со неговото влегување во игра, тимот од Сардинија ги разреши сите дилеми за победникот на дуелот со Удинезе (3-0) во Серија А. За Агим тоа беше дебитантски гол во дресот на Калјари.
Со гол првенец во дресот на романскиот Ботосани дебитираше Аце Стојков, доскорешниот фудбалер на Вардар. Со неговиот гол во 92. минута Ботосани победи со 2-1 против Брашов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)