Во присуство на претседателот на Владата на РМ, Никола Груевски, министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, пратеници во Собранието и бројни граѓани, денеска во Струмица почнаа активностите за изградба на струмичкиот театар.
Новиот објект ќе биде изграден на местото на стариот театар во Струмица, чијашто зграда е подигната (на темели од турска бања) во периодот меѓу втората половина на 1948 година и почетокот на мај 1949 година.
– Со изградбата на театарот во Струмица несомнено ќе се возобнови еден култен простор во кој ќе се презентира уметничкиот потенцијал на актерите од целата земја. Струмичкиот театар ќе продолжи да создава врвни театарски остварувања на оваа сцена, на која во иднина ќе гостуваат и бројни театри од странство и ќе се надоградуваат во идејна, естетска и творечка смисла, современите театарски форми и содржини. Многумина велат дека за театар се потребни три работи: претстава, актери и публика. Струмица го има сето тоа. Затоа ќе посакам што поскоро да се видиме на првата премиера во новиот струмички театар – истакна министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска на денешната свеченост.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонија на театарскиот фестивал „Долгопрудненска есен 2019“, Русија
-
Актерите од „Забрането смеење“: Публиката да се впушти во една театарска авантура
-
Гостивар ќе добие театар: Владата донесе одлука за основање НУ „Гостиварски театар“
-
Утринава најстудено во Берово и Струмица, температурите под нулата