Синоќешните НБА наптревари беа во сенка на повлекувањето на дресот на Ален Ајверсон во Филаделфија. Пред полни трибини во Велс Фарго арената и пред многу НБА ѕвезди и гости Филаделфија му оддаде почит на својот најдобар играч во историјата. Неговиот дрес со бројот три отиде во историјата на кровот во арената веднаш до дресовите на легендите Чарлс Баркли и Морис Чикс. Популарниот „одговор“ својата кариера официјално ја заврши минатата есен, а во НБА нема настапувано од 2010 година. Во неговата кариера е повеќекратен ол стар учесник, четири пати најдобар стгрелец во лигата, а во 2001 година е МВП на првенството и учесник во големото финале со Филаделфија.
Синоќешни НБА резултати:
Мајами – Орландо 112-98, Филаделфија – Вашингтон 103-122, Бостон – Индијана 97-102, Хјустон – Детроит 118-110, Милвоки – Бруклин 98-107, Мемфис – Кливленд 110-96, Портланд – Денвер 102-96, Сакраменто – Минесота 97-108, АЛ Клиперс – Њу Орлеанс 108-76.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)