| четврток, 6 декември 2018 |

Ограбена црквата „Св. Илија“ во селото Стенче

Четири илјади денари и метално дрвен крст од постар датум одзеле засега непознати сторители по тешката кражба што ја извршиле во текот на изминатата ноќ во црквата „Свети Илија“ во селото Стенче, општина Брвеница, информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Кражбата била пријавена денеска од страна на свештеникот Н.Ѓ. (43) од Милетино, по што од страна на полицијата бил извршен увид и биле пронајдени и подигнати траги за вештачење.

– Според информациите, таа црква и претходно била цел на провалување и кражба и тоа преку прозорецот на кујната што бил скршен. Крадците го искористиле моментот што стаклото на тој прозорец било само бил залепено, а не и целосно заменето и откако уште еднаш го искршиле, влегле во црквата и од дрвено сандаче што било во олтарот одзеле околу 4.000 денари што биле оставени како дар од верниците и еден метално дрвен крст, рече Јосифовски и додаде дека се работи на откривање на идентитетот на сторителите и нивно приведување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top