Во штипската населба „Сењак“ денеска беа доделени клучевите од становите на 91 семејство од социјално ранливите категории. Министерот за транпорт и врски, Миле Јанакиески ги додели клучевите на семејствата кои повеќе од една година чекаа да завршат жалбените постапки во Управниот суд, поднесени од кандидатите кои не добија станови во Управниот суд.
– Станови се градат во Пехчево, Прилеп, Пробиштип, Свети Николе, Куманово, Струмица и други градови. Денес 91 семејство ги добија клучевите од становите. Знам дека долго го чекавте овој момент, но знаете дека мора да се почитува Законот. Во Битола се уште не се доделени клучевите затоа што постои спор за уште еден стан, но Законот мора да се почитува. Еве дојде и тој ден, денес сите вие да добиете кров над глава, и со ова решавате многу важен егзистенцијален проблем. Нека ви е честито и да се радувате со вашите најблиски, рече Јанакиески.
Штипскиот градоначалник Илчо Захариев истакна дека очекува станарите да се грижат за своите станови, но и за самиот објект. Според него, ова е голем и радосен ден за 91 семејство од Штип кои што конечно добија свои домови.
Новите станари во социјалната зграда во Штип од денеска се вселуваат во своите нови домови, повеќе од нив живееле под кирија, или во несоодветни услови со нивните родители.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


