| четврток, 6 декември 2018 |

Осум години неправда – масовен протест на оштетените од „Фиком“

Групата граѓани оштетени во големата афера со станови од фирмата „Фиком“, денес ќе излезат на протест пред една од зградите на оваа компанија.

Координативното тело формирано од страна на оштетените информира дека ќе протестираат пред зградата „Антигона“ кај Стара Рампа во скопската населба Кисела Вода во 11 часот.

Оштетени во оваа мегаафера веќе осум години неможат да најдат решение за својот проблем. Аферата избувна кога беше откриено дека сопствениците на „Фиком“ еден ист стан продавале на повеќе лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top