| четврток, 6 декември 2018 |

Кривична пријава за тетовец кој чувал дома оружје и дрога

policija

МВР поденесе кривична пријава за недозволено држење оружје и дрога за тетовецот Љ.И. (32) кој дома чувал марихуана, куршуми и фалсификувана полициска легитимација.

Полицијата во понеделникот извршила претрес во неговиот дом, каде што пронашла 700 грама марихуана, електронска вага, куршум во калибар 12,7 милиметри, две рамки со по 30 куршуми за „калашников“, два панцирни елека, ловна пушка и 13 куршуми во калибар 16 милиметри, сопственост на неговиот починат татко. Била пронајдена и фалсификувана полициска легитимација на која Љ.И. ставил сопствена фотографија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top