| четврток, 6 декември 2018 |

Лозано со спот за „Ако не сум тој“

Мавровското езеро и стан во Скопје се двете локации на кои се работеше спотот чии што први кадри беа снимени во текот на летото.

Ексклузивецот на План Б продукција и наш годинешен претставник на Евровизија, Влатко Лозаноски- Лозано, деновиве го заврши снимањето на видео записот за баладата „Ако не сум тој“, која се наоѓа на неговиот втор албум „Преку седум мориња“, а е авторско дело на хитмејкерот Лазар Цветкоски. Мавровското езеро и стан во Скопје се двете локации на кои се работеше спотот чии што први кадри беа снимени во текот на летото.

lozano520

– Ако не сум тој е една од моите омилени песни од вториот албум и задоволство ми е што баладата ќе добие и своја видео приказна. Сигурен сум дека тимот на Егзит Б Продукција ги долови емоциите кои преовладуваат во песната и мислам дека крајниот производ ќе и се допадне на публиката – изјавува Лозано.

lozano1_520

Видео записот ќе биде промовиран за неколку дена, а покрај снимањето на спотот Лозано деновиве активно се подготвува за претставување на песната пред македонската јавност која тој и Есма ќе ја испеат на Евровизија 2013 во Малме- Шведска.
 lozano2_520

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top