| четврток, 6 декември 2018 |

Се вра­ќа сја­јот на град­ска­та ар­хи­те­кту­ра, реставрирана куќата на Важарови во Крушево

Овој об­јект, со кон­стру­ктив­на и естет­ска кон­цеп­ци­ја ти­пич­на за кру­шев­ски­те ку­ќи, во из­ми­на­ти­от пер­и­од бе­ше со осо­бе­но на­ру­шен изг­лед на над­во­реш­но­ста. Се­га, со ре­а­ли­за­ци­ја­та на про­е­ктот, це­лос­но е за­чу­ван автен­тич­ни­от изг­лед на фа­са­да­та на об­је­ктот

KUKA

Ко­га вле­гу­ва­те во Кру­ше­во, нај­ви­со­ки­от град на Бал­ка­нот, ку­ќа­та на се­мејс­тво­то Ва­жа­ро­ви вед­наш ви из­ле­гу­ва пред очи. Ни­ка­ко не мо­же да не ја за­бе­ле­жи­те. Ед­но­став­но, се од­де­лу­ва по сво­ја­та уба­ви­на, со ти­пич­на­та кру­шев­ска ар­хи­те­кту­ра. Ка­ко ви­стин­ска хра­бра по­во­зрас­на гос­по­ѓа, со си­на лет­на шап­ка на гла­ва­та, ко­ја трг­на­ла во про­ше­тка по кру­шев­ски­те со­ка­ци.

Ку­ќа­та на Ва­жа­ро­ви е ти­пи­чен при­мер на тра­ди­ци­о­нал­на кру­шев­ска ста­ро­град­ска ар­хи­те­кту­ра од вто­ра­та по­ло­ви­на на 19 век. Ми­ни­стерс­тво­то за кул­ту­ра, пре­ку За­вод и му­зеј на При­леп, комп­лет­но ја ре­кон­стру­и­ра­ше фа­са­да­та на еден од нај­ре­пре­зен­та­тив­ни­те стан­бе­ни об­је­кти во Кру­ше­во. Про­е­ктот за ре­кон­струк­ци­ја на по­крив­на­та кон­струк­ци­ја и на фа­са­да­та бил вре­ден 2,5 ми­ли­о­ни де­на­ри.

Овој об­јект, со кон­стру­ктив­на и естет­ска кон­цеп­ци­ја ти­пич­на за кру­шев­ски­те ку­ќи, во из­ми­на­ти­от пер­и­од бе­ше со осо­бе­но на­ру­шен изг­лед на над­во­реш­но­ста. Се­га, со ре­а­ли­за­ци­ја­та на про­е­ктот, це­лос­но е за­чу­ван автен­тич­ни­от изг­лед на фа­са­да­та на об­је­ктот, а од осо­бе­но зна­че­ње е ре­ста­вра­ци­ја­та на жи­во­пис­ни­те сли­кар­ски де­ко­ра­ции на вто­ри­от кат од об­је­ктот, на кои се прет­ста­ве­ни бо­га­то укра­се­ни зо­о­морф­ни мо­ти­ви.

kuka3

– На фа­са­да­та на ку­ќа­та се нас­ли­ка­ни лам­ја во тем­но­зе­ле­на бо­ја и лав во си­ни то­но­ви. Прет­по­ста­ву­ва­ме де­ка тоа е еден вид сим­бол на се­мејс­тво­то во чи­ја­што сопс­тве­ност по­ра­но би­ла оваа ку­ќа. Си­те по­ста­ри ку­ќи во Кру­ше­во има­ат та­кви сим­бо­ли, ка­ко грб на се­мејс­тво­то – ве­ли Гор­да­на Да­ни­ло­ска-Спи­ро­ска, ди­ре­ктор­ка­та на при­леп­ски­от му­зеј, кој е изра­бо­ту­вач и ре­а­ли­за­тор на про­е­ктот за ре­ста­вра­ци­ја на ку­ќа­та на Ва­жа­ро­ви.

Ку­ќа­та е из­гра­де­на во 1878 го­ди­на, а се­мејс­тво­то Ва­жа­ро­ви се вто­ри сопс­тве­ни­ци. Ку­ќа­та ја ку­пи­ле од се­мејс­тво­то Кор­не­ти во 1962 го­ди­на. Во неа е ро­де­на Лил­ја­на Ва­жа­ро­ва – Ата­на­со­ска, ко­ја ни рас­ка­жа дел од бо­га­та­та исто­ри­ја на ку­ќа­та.

kuka2

– На ку­ќа­та е два­па­ти ин­тер­ве­ни­ра­но, но се­га, ко­неч­но, го до­би ли­кот што го зас­лу­жу­ва. Јас сум ро­де­на во оваа ку­ќа и си­те спо­ме­ни ми се вр­за­ни за неа. Иа­ко се ома­жив, оста­нав во ку­ќа­та би­деј­ќи мо­јот брат по­чи­на, па со со­пру­гот оста­нав­ме во оваа ку­ќа за да би­де­ме поб­ли­ску до мај­ка ми, на ко­ја ѝ бев по­треб­на во тие мо­мен­ти. Де­нес, ку­ќа­та ни е по­сто­ја­но пол­на со го­сти. Кај нас вра­та­та е се­ко­гаш отво­ре­на – ве­ли Лил­ја­на Ва­жа­ро­ва – Ата­на­со­ска.

Во ку­ќа­та, ко­ја има при­зем­је и два ка­та, има по шест со­би на се­кој кат и два го­ле­ми чар­да­ка од кои се гле­да Кру­ше­во ка­ко на длан­ка. Ку­ќа­та има и оста­ва за зим­ни­ца, трем на вле­зот од ку­ќа­та. Ток­му тие чар­да­ци во ле­то се пол­ни со де­ца, вну­ци и со прав­ну­ци. Си­те до­а­ѓа­ат да ди­шат чист воз­дух во Кру­ше­во и да се од­мо­рат.

Мај­ка­та на Лил­ја­на би­ла до­ма­ќин­ка, а та­тко ѝ со го­ди­ни ра­бо­тел ка­ко ту­тун­ски ра­бот­ник.

– Не мо­жам да од­во­јам ни­ту еден по­се­бен дел во ку­ќа­та, се­та ку­ќа ми е оми­ле­на. Ту­ка сум ро­де­на и за неа ми се вр­за­ни си­те спо­ме­ни. Но, има ед­на со­ба во ко­ја чу­ва­ме ста­ро­врем­ски ра­бо­ти – ед­на ма­ши­на за ши­е­ње чев­ли, ма­ши­на за ши­е­ње, ста­ри ча­сов­ни­ци, кре­ден­ци. Та­му најм­но­гу са­кам да пре­сто­ју­вам – ве­ли Ва­жа­ро­ва – Ата­на­со­ска.

kuka4

Ку­ќа­та прет­ста­ву­ва уште еден ус­пе­шен при­мер за ре­а­ли­за­ци­ја на про­гра­ма­та за об­но­ва на фа­са­ди­те на ста­ро­град­ска­та ар­хи­те­кту­ра, ка­ко кул­тур­но-исто­ри­ско нас­ледс­тво.

– Вра­ќа­ње­то на сја­јот на овие пре­крас­ни ку­ќи ги пот­тик­ну­ва ид­ни­те гра­ди­те­ли во Кру­ше­во да ги сле­дат тра­ди­ци­о­нал­ни­те вред­но­сти при гра­де­ње­то би­деј­ќи тие про­из­ле­гу­ва­ат од кли­мат­ски­те ус­ло­ви и од на­чи­нот на жи­ве­е­ње во овој про­стор. На овој на­чин мно­гу стран­ски и до­маш­ни го­сти ќе мо­жат да ѝ се вос­хи­ту­ва­ат на ста­ра­та ма­ке­дон­ска ар­хи­те­кту­ра – ве­ли ми­ни­стер­ка­та за кул­ту­ра Ели­за­бе­та Кан­че­ска – Ми­лев­ска.

– Ку­ќа­та бе­ше во мно­гу ло­ша со­стој­ба. Комп­лет­но ги об­но­вив­ме ка­ме­ни­те ѕи­до­ви, це­лос­но е об­но­ве­на фа­са­да­та, сто­ла­ри­ја­та и ку­ќа­та е обо­е­на со ор­на­мен­ти на зна­чај­ни­те ме­ста со си­на бо­ја – спе­ци­фич­на за кру­шев­ски­те град­би – об­јас­ну­ва ди­ре­ктор­ка­та на при­леп­ски­от му­зеј, Гор­да­на Да­ни­ло­ска – Спи­ро­ска.

08 krusevo a

Ре­кон­струк­ци­ја­та е про­ект од про­гра­ма­та на Вла­да­та на Ма­ке­до­ни­ја и на Ми­ни­стерс­тво­то за кул­ту­ра за ре­кон­струк­ци­ја на фа­са­ди на  зна­чај­ни об­је­кти од ста­ра­та град­ска ар­хи­те­кту­ра.
Во рам­ки­те на про­е­ктот за ре­кон­струк­ци­ја на фа­са­ди оп­фа­те­ни се гра­до­ви­те Скоп­је, Ки­че­во, Би­то­ла, Вев­ча­ни, Стру­га, Охрид, При­леп, Штип, Све­ти Ни­ко­ле, Стру­ми­ца, До­јран, Ге­вге­ли­ја, Го­сти­вар, Ку­ма­но­во, Кра­то­во и Кру­ше­во. Во пер­и­о­дот до 2015 го­ди­на се пла­ни­ра да се об­но­ват и да се ре­ви­та­ли­зи­ра­ат око­лу 250 фа­са­ди, а до­се­га се об­но­ве­ни фа­са­ди во Скоп­је, Би­то­ла, При­леп, Кру­ше­во, Охрид, Ге­вге­ли­ја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top