| четврток, 6 декември 2018 |

Цр­на­та бо­ја е се­ко­гаш шик

Ми­сте­ри­оз­на­та, цр­на, шик бо­ја е ед­на од нај­до­бри­те га­ран­ции за не­о­до­ли­ва­та ко­лек­ци­ја на Кел­вин Клајн за се­зо­на­та есен-зи­ма 2014-2015 го­ди­на, ко­ја бе­ше прет­ста­ве­на на мно­гу впе­чат­лив на­чин

ck

На пос­лед­ни­от ден на мод­на­та не­де­ла во Њу­јорк бе­ше прет­ста­ве­на впе­чат­ли­ва­та ко­лек­ци­ја на Кел­вин Клајн за се­зо­на­та есен-зи­ма 2014-2015 го­ди­на, ко­ја, де­фи­ни­тив­но, го укра­си мод­ни­от ви­кенд.

Ре­ви­ја­та изо­би­лу­ва­ше со цр­но-бе­ла гра­фи­ка и ге­о­ме­три­ја, а си­те бои, иа­ко не прем­но­гу свет­ли, се нај­доа скри­е­ни во сре­ди­на­та. Ко­лек­ци­ја­та е раз­но­вид­на и има сѐ што е по­треб­но за еден со­вр­шен и удо­бен есен­ски изг­лед.

calvin-klein-fall-winter-2014-show12

Ко­лек­ци­ја­та со­др­жи фу­ста­ни, кул јак­ни, кои се ком­би­ни­ра­ни со удоб­ни цр­ни здол­ни­шта, чи­ја­што дол­жи­на е ре­чи­си до пе­ти­ци­те. Сла­тки­те фу­ста­ни во цр­ни ни­јан­си се след­но­то из­не­на­ду­ва­ње на оваа ко­лек­ци­ја.

Најс­пе­кта­ку­ла­рен ас­пект се во­е­ни­те чиз­ми, кои соз­да­ва­ат про­ти­вте­жа и до­да­ва­ат но­та на бо­хо-ефект. Вол­не­ни тка­е­ни­ни, ме­ки и маз­ни, уба­ви ге­о­ме­три­ски де­зе­ни во цр­но-бе­ла ком­би­на­ци­ја ја ка­ра­кте­ри­зи­ра­ат оваа ко­лек­ци­ја. Цр­ни­те пра­во­а­гол­ни­ци и бе­ли­те ли­нии ги об­ло­жу­ваа те­ла­та на мо­де­ли­те.

calvin-klein-fall-winter-2014-show9

По до­ми­на­ци­ја­та на цр­на­та и на бе­ла­та бо­ја, сле­ду­ваа топ­ли то­но­ви. Ни­јан­си­те на ка­фе­на и бо­ја­та на ко­ра­ли­те се нај­доа на тен­ки­те пле­те­ни фу­ста­ни и на удоб­ни­те и топ­ли јак­ни.

calvin-klein-fall-winter-2014-show3

Се­пак, цр­на­та бо­ја бе­ше до­ми­нант­на во есен­ска­та ко­лек­ци­ја на Кел­вин Клајн. Цр­ни­те пар­чи­ња ги има во раз­но­вид­ни ком­би­на­ции – ка­ко ми­кро­ре­си, све­тки и дру­ги ин­те­рес­ни де­та­ли.

Игра­та со про­ѕир­но­ста, исто та­ка, има­ше свои пет ми­ну­ти на ре­ви­ја­та на Кел­вин Клајн.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top