| четврток, 6 декември 2018 |

Во Дубаи ќе се јаде ресенско јаболко

jabolki

Компанијата „Епл ленд“ од Дубаи почнува да гради откупно-дистрибутивен центар за јаболка во местото Макази, во близина на Ресен. Камен-темелникот на откупно-дистрибутивниот центар ќе биде поставен денеска, а на церемонијата е најавено присуството на министерот за земјоделство Љупчо Димовски.

Според најавите дадени претходно, кога инвеститорите од Дубаи дојдоа во Македонија, фирмата има намера да гради и ладилник во Ресен. Почетната инвестиција треба да изнесува пет милиони евра, а се очекува да бидат отворени 100 работни места.

– Освен јаболка, имаме намера да влеземе и во сегментот на грозје, говедарство и да извезуваме надвор од Македонија. Вкупната инвестиција во земјава би можела да се искачи и до 20 милиони евра – рече за време на посетатат во декември, инвеститорот Абдушамак Насер.

Јаболката од Ресен, компанијата „Епл ленд“ ќе ги извезува во Дубаи, во Катар, Јемен и во други земји на Блискиот Исток. „Епл ленд“ е фирма регистрирана во Македонија во сопственост на „Шафа констракшн“ и „ДП ворлд“ од Дубаи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top