Поранешниот бразилски фудбалски ас Роналдо Да Лима Назарио ќе соработува со Рафаел Надал, а во прашање се маркетиншките права. Роналдо и Надал се договорија, а фудбалерот ќе го застапува тенисерот на територијата на Бразил.
Агенцијата на Роналдо веќе има договори со неколку светски познати спортски ѕвезди од калибарот на Нејмар, Рубенс Барикело, Андерсон Силва…
– Надал е многу повеќе од обичен партнер за мене и за мојата агенција. Тој е идол на младите и затоа се радуваме на соработката – изјави Роналдо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.