| четврток, 6 декември 2018 |

Македонско-бугарската стопанска комора и Скопскиот плански регион ќе потпишат меморандум за соработка

KOMORA_MAKEDONSKO_BUGARSKA

Скопскиот плански регион денеска треба да потпише меморандум за соработка со Македонско – бугарската стопанска комора со цел иницирање заеднички активности и воспоставување соработка за унапредување на економскиот развој.

На свеченоста е предвидено да присуствуваат градоначалниците од Скопскиот плански регион, амбасадорот на Бугарија Иван Петков, Димитар Салов, трговско аташе на Амбасадата на Бугарија, министерот за локална самоуправа Тахир Хани, заменик-министерот за животна средина Стево Темелковски, како и бизнисмени-членови на Македонско-бугарската стопанска комора.

На седницата ќе се избере и претседател на Меѓуопштинскиот одбор за управување отпад во Скопскиот плански регион.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top