Двајца вработени во подрачното одделение на Агенцијата за катастар на недвижности во Неготино биле уапсени под сомнение дека примале поткуп.
Според информациите на МВР, поднесени се кривични пријави против лицата З.Ј. (32) од Неготино, референт за прием на пријави/барања во одделение за катастар на недвижности Неготино и Д.Ѓ. (44) од Неготино, вработен како помлад соработник за геодетски работи.
Се сомничат дека ја злоупотребиле својата службена должност и на сограѓанин му побареле мито од 900, а му зеле 400 евра за да запишат објект без елаборат што е спротивно на Закон за катастар на недвижности.
Полициската акција може да ја погледнете на видеото:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.