Денеска во просториите на кугланата во „Борис Трајковски“ ракометарките на ЖРК Вардар СЦБТ го искористија слободното време за да се дружат со децата од ДСУ за образование и за рехабилитација „Св. Наум Охридски“.
Желбата на овие дечиња да куглаат и да се дружат со ракометните шампионки на Македонија им се исполни.
– За овие дечиња ова претставува исполнување на нивните желби да бидат со нивните идоли. Радоста што им ја овозможија е неопислива. Искрено, сакам да се заблагодарам на ракометниот клуб Вардар СЦБТ за несебичната поддршка што им ја дадоа на овие дечиња. Се надевам дека оваа активност на клубот ќе претставува пример за другите спортски колективи – изјави директорот на ДСУ „Св. Наум Охридски“ Стојче Андев.
На оваа средба, покрај тренерот Индира Кастратовиќ и спортскиот директор на клубот Тања Медвед беа присутни и ракометарките Јованка Радичевиќ, Татјана Хмирова, Билјана Црвенковска, Алисон Пино и Сираба Дембеле.
– Убаво е чуството кога ќе ги видите широко насмеани детски лица на кои ќе им ги исполните желбите и на кои ќе им донесете радост – додаде ракометарката Јованка Радичевиќ.
ЖРК Вардар СЦБТ како најголем спортски женски колектив во Македонија со своите активности ќе се труди и понатаму да им помогне на сите на кои помошта им е повеќе од потребна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Бојан Влаќевски од КК Вардар најуспешен на Меѓународниот кугларски натпревар
-
Вардарки тргнуваат по историска победа против Ѓер: Добро е што играме со нив, имаме шанса да им вратиме
-
Одложени дуелите на Вардар со Гевгелија и Овче Поле
-
Убедлива победа на „црвено-црните“ – Вардарки го „разбија“ Битигхајм