| четврток, 6 декември 2018 |

Колку пари имаат најбогатите македонски пратеници?

Околу 540 милиони евра тежи личното богатство на македонските пратеници од коалициите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, покажуваат податоците објавени на сајтот на Антикорупциската комисија, објави телевизија Сител

pratenici na rm

Дури 98% од ова богатство му припаѓа на Фијат Цаноски. Тој во имотниот лист навел имот вреден неверојатни 533 милиони евра. Меѓу имотот на Фијат Цаноски, според податоците на Антикорупциска, највердно е побарувањето по пресуда до 2005 година, вредно 460 милиони евра. Цаноски поседува и куќа во Струга од 2450 квадрати вредна 22 милиони евра и акции вредни 715 илјади евра. Сумата до 533 милиони евра ја надополнува разен деловен простор, земјиште на неговата фирма и други куќи и викендички.

Останатите 2% ги распределуваат останатите деведесетина пратеници од македонскиот политчки блок. Меѓу нив, најбогат е пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Васил Пишев кој расплага со имот вреден над 1,6 милиони евра. Милионер е и пратеникот од владејчката коалиција кој ја претставува дијаспората, Милорад Додевски, кој во антикорупциска пријавил имот вреден нешто над милион евра.

По Цаноски, во опозициската коалција, најбогат е пратеникот Самка Ибраимовски, кој во антикорупциска пријавил нешто под 700.000 евра, а а тука е и Цветанка Ивановска која без имотот на сопругот и децата, располага со сума од околу 400 илјади евра.

Ако го исклчуиме од пресметката пратеникот Фијат Цаноски и неговот огромно богатсво, тогаш математиката покажува дека пратениците од двете коалиции во просек располагаат со лично богатство вредно нешто помалку од 100.000 евра. Во пресметката не се земени предвид, имотите кои се наведени како споственост на брачните партнери и децата на пратениците, објави Сител.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top