| четврток, 6 декември 2018 |

Лаборатории ќе се комерцијализираат и стават во функција на бизнисот

aleksandar_2609_g11_5

Во вториот квартал од оваа година македонските компании ќе може да ги користат услугите на најсовремените лаборатории што веќе
функционираат во рамки на високообразовните институции и научно-истражувачките центри.
Како што соопшти денеска владиниот портпарол, Александар Ѓорѓиев, околу 40 лаборатории ќе бидат комерцијализирани, ставени во функција на бизнисот. Дел од нив се веќе акредитирани, а за 32 процесот на акредитација е во тек и треба да финишира до крајот на 2014 година.
Лабораториите ќе овозможат услуги за најразлични области, градежништво, енергетика, текстил, фармација, медицина,…, а целта е значително намалување на трошоците за стопанството, како и технолошки развој, иновации, поголема конкурентност и иновативност.
– На овој начин владата дава дополнителна поддршка и можност за развој на домашните компании преку намалување на трошоците, поголема ефикасност и продуктивност со оглед дека досега најразличните испитувања и анализи се вршеа во странство што значеше повеќе пари за транспорт, загуба на време – истакна Ѓорѓиев.
Анализите од Министерството за образование и наука покажуваат дека трошоците за анализа, на пример, на алат во земјава би чинеле 25 евра, додека во странство преку 100 евра.
Проектот за осовременување на 80 лаборатории во високообразовните институции и научно-истражувачките центри Владата го почна во 2010 година. За оваа намена беа реализирани 26 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top