| четврток, 6 декември 2018 |

Се приклучуваме на „Јужен тeк“ преку Србија

mapa-juzen-potok-STRATFOR-slajder

Во изјавата дадена за српските медиуми Душан Бајатовиќ, генерален директор на „Србија гас“, открива дека покрај новиот автопат Ниш – Косово ќе биде проектиран и гасовод кој ќе го снабдува Косово и веројатно изградба на крак кој ќе биде за снабдување на Македонија.

– Во регионот ќе има голема трка за изградба на гасни централи и сите сметаат на евтин гас затоа и Хрватска и Република Српска и БиХ конкурираа за изградба на централи. Србија сака да конкурира со изградба на четири – вели Бајатовиќ.

Првиот човек на Србија Гас, тврди дека веќе е започната изградбата на пристапни патишта, изградбата на компресорските станици и дека се работи на логистика.

Според информациите од Бајатовиќ на крајот на месецов во Србија ќе пристигне и директорот на „Гаспром“, Алексеј Милер кога е планирано да бидат спроведени завршните раговори и да се прецизираат деталите како и цената на гасот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top