
Поранешен службеник на американската амбасада во Белград изнел низа сеќавања за Јосип Броз, од кои дел не ѝ биле познати на јавноста, пишува српска „Политика“.
Во 1965 година Аверел Хариман, специјален претставник на американскиот претседател Линдон Џонсон, ја посетил Југославија со задача да го замоли Броз да посредува во завршувањето на Виетнамската војна. Тито не бил воодушевен од идејата, но со Хариман нашол заеднички јазик, па во текот на следните години се сретнале уште неколку пати. Робертс пишува дека вдовицата на Хариман, Памела Черчил (во првиот брак била венчана за синот на Винстон Черчил), му се доверила дека го посетиле Тито во 1979 година, една година пред неговата смрт и дека тој им рекол дека по неговата смрт Југославија ќе се распадне. Пренесувајќи го нејзиното тврдење, Робертс не навлегува во понатамошно анализирање на можните значења на изјавата на Тито.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


