| четврток, 6 декември 2018 |

Има ли поврзаност меѓу вечерашното убиство во Ченто со убиството на Џељал Ајети – Џељо?

Добро упатени полициски извори за „Република“ не ја исклучуваат можноста вечерашниот инцидент во скопската населба Ченто да е продолжение, односно одмазда за инцидентот од пред три месеци кога во близина на местото на сегашното убиство беше застрелан Џељал Ајети-Џељо.

Сепак, засега нема потврда ниту прецизни информации кој е убиениот во возилото врз кое било пукано.

Во непосредна близина на инцидентот што се случи вечерва веднаш до црквата „Свети Ѓорѓи“ во селото Сингелиќ на 14 ноември се случи уште еден сериозен инцидент кога во автобус на ЈСП влегоа група маскирани и со бејзбол-палки и метални прачки нападнаа ученици од селото Стајковци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top