Ревијалната „Годишна изложба“ на Друштвото на ликовни уметници на Македонија на која ќе бидат претставени дела од 106 автори од Македонија ќе биде отворена вечерва во Музејот на град Скопје.
Годинава изложбата ќе се одржи на две локации – во Музејот на град Скопје и во Домот на Армијата. Отварањето ќе биде во во Музејот, каде треба да се обрати академскиот сликар Владимир Георгиевски, а во Домот на Армијата може да се проследи поставката на делата.
Уметничкиот совет на ДЛУМ по повод Годишната изложба доделува признанија од областа на ликовната уметност од кои најзначајни се наградите „Нерешки мајстори“ за сликарство и скулптура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



