| четврток, 6 декември 2018 |

Мејведер не ги послуша симпатизерите, наместо со Кан ќе боксува против Мајдана

Флојд Мејведер нема проблем да си пронајде ривал, за бокс меч против него има многу кандидати, а следниот спектакл непоразениот шампион во велтер категорија ќе го има на 3. мај против аргентинскиот боксер Маркос Мајдана. Интересен податок е што Флојд ретко боксува, само еднаш или двапати годишно, а инкасира огромни суми од десетици милиони долари од меч. Досега „кралот“ на благородната вештина има биланс од 45-0.

majdana

Овојпат Американецот одлучи да ги праша симпатизерите на боксот против кого да излезе во рингот, во мај, но потоа не го послуша „гласот на народот“. На социјалните мрежи повеќе гласови доби британското боксерско чудо Амир Кан, а Флојд сепак одлучи предизвикувач во мај да му биде Мајдана.

kan

Аргентинецот има 30 години и е три лета повозрасен од Кан, а Мејведер има 37 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top