Ракометните преставници на Македонија во Лигата на шампионите, Вардар и Металург се вистински магнет за публиката, нивните натпревари се меѓу најгледаните во фазата по групи. Кил имаше најмногу гледачи, натпреварите на германскиот клуб кога беше домаќин ги проследија 43.600 луѓе или 8.720 во просек.
Металург се најде на третото место со точно 33.352 гледачи, или 6.670 по меч кога се играше во салата „Борис Трајковски“. За нешто повеќе од 650 симпатизери на ракометот зад градскиот ривал е Вардар, а пред двата наши клуба се само Кил и загреб.
Ракометната грозница во Скопје, каде се играа вкупно 10 натпревари, придонесе Ц групата да биде најгледана во оваа фаза. Атрактивниот состав со Барселона, Пари Сен Жермен, Динамо Минск и Тун си имаше свое влијание, но Металург и Вардар се приказни за насловните страници. Имаше и непотребни инциденти, особено на дуелите што Вардар ги организираше, но простор за поправање на впечатокот има.
Пред „црвено-црните“ и извонредниот состав на Металург се нови предизвици во ЛШ, а скопскиот пекол ќе го почуствуваат и европскиот првак Хамбург и незгодниот дански тим на Колдинг.
За почит е и новиот рекорд што го поставија навивачите на Динамо во Минск, со најголема посета на еден меч во ЛШ од точно 15.321 навивач на дуелот со Барселона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.