| четврток, 6 декември 2018 |

(Видео) Што го мачи Делпо?

Хуан Мартин дел Потро нема среќа со повредите и повторно ќе мора да паузира, поради проблеми со рачниот зглоб, овојпат на левата рака. Аргентинскиот тениски ас го предаде мечот против Сомдев Деварман на турнирот во Дубаи, откако беше видливо дека веќе не може да игра.

Популарниот Делпо во минатото имаше сериозни проблеми со рачниот зглоб на десната рака, а сега со идентични проблеми но на левата рака го прекина настапот во Дубаи.

„Многу ми е тешко. Се обидов да продолжам, но едноставно не одеше. Не можам да играм како што посакувам и како што можам и затоа сум многу тажен“, изјави Дел Потро со солзи во очите.

Аргентинецот беше најавен како блескав талент, а го потврди квалитетот и големите очекувања, со блескавиот триумф на САД опен, кога со пресврт го победи Роже Федерер и му ја прекина петгодишната доминација на Флашинг Медоуз. Оттогаш повремено знае да победува на АТП турнирите, но очигледно е дека кариерата не му оди во нагорна линија, поради проблемите со поврдеите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top