| четврток, 6 декември 2018 |

Мојес: Добро е што има реванши во ЛШ

Манчестер јунајтед ги разочара симпатизерите со лошата игра во Атина против Олимпијакос, а интересна изјава имаше менаџерот на „црвените ѓаволи“ Дејвид Мојес.

„Единствено што е добро во целата ситуација е што ќе имаме право на реванш. Како игравме во Атина ништо и не заслуживме. Ќе дадеме се од себе да одиграме подбро во Манчестер. На Олд Трафорд Јунајтед има доживеано многу блескави моменти, се надевам дека така ќе биде и против Олимпијакос“, изјави Мојес.

Манчестер не игра добро во континуитет, ниту во Премиерлигата во Англија, каде го дели шестото место со Евертон со 45 бода, цели 15 помалку од лидерот Челси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top