| четврток, 6 декември 2018 |

Резултат што ја зачуди Европа: Локомотив Москва – Штромсгодсет 15-0 (видео)

lokomotiv moskva

Локомотив Москва во пријателски натпревар во Ла Манга го совлада шампионот на Норвешка, Штромсгодсет со неверојатни 15-0. Да биде работата уште почудна натпреварот се играл до 84 минута кога судијата решил да свири крај.

Иако првиот впечаток е дека натпреварот е наместен за во обложувалница, или пак дека првакот на Норвешка всушност е некаков смешен тим во кој играчите го бојкотираат тренерот… Но всушност, вистинскиот проблем бил во тоа што Норвежаните немале доволно играчи за натпреварот, па ги замолиле гостите да го одложат мечот.

Но, Локомотив од за нив познати причини инсистирале да се игра договорениот натпревар, па тренерот на норвешкиот клуб Рони Деил немал друг избор освен во составот да приклучи некои локални момчиња кои се нашле околу игралиштето во Ла Манга во Шпанија. Меѓу шесте играчи на Штромсгодсет биле и тренерот и неговиот помошник.Локомотив пак истрчал на теренот со најдобрата постава и играл како да се бори за титула во Лигата на шампионите.

Како изгледало тоа на терен погледнете од видеото:

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top