Фудбалерите на Олимпијакос на домашен терен ја совладаа екипата на Манчестер Јунајтед со резултат 2-0 во првиот меч од осминафиналето од Лигата на шампиони.
Домаќините потполно заслужено дојдоа до триумф над фаворизираниот Јунајтед со головите на Домнгез во 38. и Кембел во 55. минута.
Очајната игра Јунајтед ја покажаа со оглед на тоа дека за 90 минути игра успеа да направи само една сериозна шанса преку Ван Перси и тоа на 1о минути пред крајот на натпреварот. Покрај тоа, Манчестер во рамките на голот на Олимпијакос упати само еден удар.
Денеска во мечот одигран од 18 часот Борусија Дортмунд на гости ја совлада екипата на Зенит со 4-2.
Реванш натпреварите ќе се одиграат на 18. март.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.