Фудбалерите на Борусија Дортмунд на гости ја победија екипата на Зенит со резултат 4-2 во првиот денешен натпревар од осминафиналето од Лигата на шампиони.
Гостите до два гола предност дојдоа веќе во петтата минута од натпреварот со погодоците на Михтаријан и Ројс и со резултат од 0-2 отидоа на пауза.
Во 58. минута Шатов намали на 1-2, но во 61. Левандовски зголеми на 1-3.
Хулк од белата точка во 69. минута повторно намали на 2-3, но Левандовски две минути подоцна ги постави конечните 2-4.
Првата половина од осминафиналето во Лигата на шампионите ќе биде комплетирана утревечер со средбите во Истанбул и Гелзенкирхен каде Галатасарај ќе биде домаќин на Челзи, а Шалке ќе го пречека Реал Мадрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.