| четврток, 6 декември 2018 |

Францускиот претседател оди во Атина

Францускиот претседател Франсоа Оланд за една недела ќе замине во официјална посета на Грција  каде што треба да се сретне со Грчкиот претседател Каролос Папуљас и премиерот Самарас.

За време на посетата се очекува Оланд да ги охрабри грчките власти да издржат во спроведување на мерките за штедење но ќе бидат и допрени регионални и глобални теми.

Грчки извори не исклучуваат дека на средбите ќе биде поставено и прашањето за Македонија и влезот на сите земји од регионот во ЕУ.

Најголем дел од грчките аналитичари со кои што комуницираше „Република“ се уверени дека Франција и со оваа посета ќе докаже дека ќе продолжи со својата политика кон Грција и дека и во иднина ќе остане  најсилен подржувач на грчкото вето за Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top