| четврток, 6 декември 2018 |

„Рурален доктор“ е успешен проект

Никола-ТодоровПет пункта опфатени со пилот проектот „рурален доктор“ се поставени во Крушево,  со што во 12 населени места со околу 2 илјади жители секоја недела се вршат здравствени прегледи. Проектот „рурален доктор“ официјално почнува од 1 март, истакна министерот за здравство Никола Тодоров во Крушево.

Според него, проектот се спроведува успешно, а целта е да се опфатат сите населени места каде нема лекар. Лекар и медицинска сестра секој ден се на различен пункт и вршат основни прегледи на населението, а еден ден е резервиран за патронажни посети на пациентите во нивниот дом.

– Овој е пилот-период за проектот „рурален доктор“ и очекуваме со законските измени официјално да профункционира од 1 март. Во земјава има 1 227 населени места без лекар и овој проект многу ќе им олесни на луѓето да не патуваат за секој преглед- рече Тодоров, кој ги посети крушевското село Пресил, каде е поставен еден од петте пунктови во општината опфатени со пилот-проектот „рурален доктор“, како и Здравствениот дом во Демир Хисар и Психијатриската болница, каде се информираше за состојбите и потребите на тие здравствени установи.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top