Скопската полиција извести дека изминатиот викенд казнила 248 учесници во сообраќајот, од кои 57 возачи управувале возила под дејство на алкохол.
Притоа, 42 лица управувале возила со измината важност на сообраќајната дозвола, а 31 возач се казнети бидејќи немале важечка возачка дозвола. Исто така, 14 лица заработиле казни бидејќи поминување на црвено светло, а 15 возачи управувале возила со над дозволената брзина од кои пет возачи управувале возило со над 90 километри на час во населено место, велат од МВР. Во деновите од викендот, се напишани 127 прекршоци за неправилно и непрописно паркирање, и со пајак-возилосе подигнати 137 возила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.