| четврток, 6 декември 2018 |

Нелоски: Владата покажа дека се грижи за младите

nelovski

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ја поздрави одлуката на Владата со која се кратат трошоците на работодавците за вработување на лица помлади од 29 години.

– Со оваа мерка се докажа дека младите може да му веруваат на ВМРО-ДПМНЕ. Ние имаме кредибилитет да говориме за младите затоа што сето тоа што сме го ветиле, тоа и го остваруваме. ВМРО-ДПМНЕ докажа и овојпат, како и многупати досега, дека се грижи за перспективата на младите – рече претседателот на УМС, Владимир Нелоски.

Мерката ќе овозможи голем број млади лица да добијат можност за вработување во реалниот сектор и на тој начин со своето знаење и капацитет да придонесат во развојот на претпријатијата и севкупно на економијата.

Со оваа мерка на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работодавачите од приватниот сектор кои ќе вработат млади лица до 29 години, евидентирани како невработени во Агенцијата за вработување, ќе бидат ослободени од плаќање социјални придонеси во тек на првата година, а притоа ќе бидат обврзани да ги задржат на работните места најмалку уште една година.

Ваквата мерка на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е поттик за работодавачите да вработуваат млади лица. На овој начин ќе се обезбедат нови работни места за младите невработени лица.

– Со ова ВМРО-ДПМНЕ покажа дека се грижи за младите. Младите лица се моторот на секоја економија. Давањето на можност за нивно вработување ќе биде придобивка не само за претпријатијата туку ќе значи и дополнителен импулс на развојот на македонската енономија. Младите имаат моќ да придонесат кон развојот со својата инвентивност, енергија и знаење – истакна Нелоски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top