Поголемиот дел од публиката се согласи дека песните воопшто не наликуваат една на друга, а бесен на новинарите се огласи и композиторот Роберт Билбилов, кој застана во одбрана на својот колега.
– Дарко Димитров, под итно почни да тужиш, да не почнам јас. Некој мора да го јаде стапот одговрно за вакви глупости. Знам како е да направиш ваква песна, колку време и труд треба да посветиш, ама само за тие што разбираат. Тие што не разбираат, барем не јадете гурабии – напиша Билбилов на „Фејсбук“.
Наведените медиуми спорниот дел го најдоа во 1.40 минута од песната која ја пее Тијана и делот кој почнува од 1.30 минута на „Summertime sadness“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.