| четврток, 6 декември 2018 |

Билбилов: Димитров, почни да тужиш, да не почнам јас (ВИДЕО)

И годинава постои обид за наметнување контроверзии околу евровизиската песна. Дел од медиумите ја споредија „To the sky“ на Дарко Димитров со ремиксот на „Summertime sadness“ во изведба на Лана дел Реј.

Поголемиот дел од публиката се согласи дека песните воопшто не наликуваат една на друга, а бесен на новинарите се огласи и композиторот Роберт Билбилов, кој застана во одбрана на својот колега.

robert-bilbilov-2

– Дарко Димитров, под итно почни да тужиш, да не почнам јас. Некој мора да го јаде стапот одговрно за вакви глупости. Знам како е да направиш ваква песна, колку време и труд треба да посветиш, ама само за тие што разбираат. Тие што не разбираат, барем не јадете гурабии – напиша Билбилов на „Фејсбук“.

Наведените медиуми спорниот дел го најдоа во 1.40 минута од песната која ја пее Тијана  и делот кој почнува од 1.30 минута на „Summertime sadness“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top