Емина Јаховиќ – Сандал деновиве престојува во Скопје каде работи на новиот албум со Дарко Димитров кој треба да излезе наскоро. Паралелно со албумот ќе го претстави и новиот парфем, а промоцијата е закажана за почетокот на летото.
Дека српската пејачка и сопруга на турската ѕвезда Мустафа Сандал работи напорно, потврдува и фактот што неодамна на Инстаграм објави пост преку кој откри дека е многу уморна, но истовремено и среќна што наскоро ќе ги објави новите песни.
Неверојатно е колку многу работам во последно време. Поради тоа решив ова да го споделам со вас, односно да ви се пожалам затоа што имам потреба да ме разберете и утешите. На албумите секогаш работам сама, односно текстовите и музиката ги пишувам јас. И овојпат ништо не е поразлично. Утрово работев до 4 часот, малку спиев, се истуширав, појадував и еве ме повторно на истото место, во студио. Ова се повторува секој ден, освен кога сум на пат. Албумот е при крај и дадов се од себе за да биде најдобар досега и да го издадам најбрзо што можам. И новиот парфем ќе излезе и тоа ќе биде еден голем бум… но ми треба силата која ја пронаоѓам во вашата љубов и поддршка. Ве сакам многу”, напишала пејачката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кој е турскиот милијардер, новото момче на Емина Јаховиќ: Еве на што падна пејачката!
-
Алармантно ослабната: Емина во тешка депресија по разводот (ФОТО)
-
Анастасија Ражнатовиќ ја сними својата прва песна: Музиката и текстот се на Дарко Димитров
-
Еве како изгледаше Емина Јаховиќ пред пластичните операции