| четврток, 6 декември 2018 |

Тијана: Тамара е мојата друга половина (ВИДЕО)

Тијана Дапчевиќ во саботата ја претстави песната со која ќе ги брани боите на Македонија во Копенхаген, Данска. Пејачката го имаше и своето прво официјално евровизиско интервју со Расел Дејвис, новинарот пред кого досега повеќето македонски претставници кикснаа со англискиот јазик.

tijana

За среќа, Тијана нема да ја доживее судбината на Ѓоко Танески, Били Звер и Влатко Илиевски, кои беа распнати од публиката по нивното интервју поради лошиот англиски.

Тијана ја опиша „To the sky“ како песна која шири енергија и љубов и која промовира еднаквост. Таа на Расел му откри дека Тамара за неа е повеќе од сестра и дека таа е нејзината друга половина.

Преслушајте ја евровизиската песна на овој линк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top