Фудбалерите на Осасуна на домашен терен ја совладаа екипата на Атлетико Мадрид со резултат 3-0 и со тоа му овозможија на Реал Мадрид по 25. коло да биде сам на врвот.
Прашањето околу победникот Осасуна го реши уште во првите 45 минути, кога ги постигна сите три гола.
Резултатот го отвори Сехудо во шестата минута, а веќе во 21. минута Арментерос со одличен удар од 20 метри го удвои водството.
Конечниот резултат го постави Торес во 42. минута.
Реал Мадрид е лидер на табелата со 63 бода, додека Барселона и Атлетико имаат по 60.
Во наредното коло се продолжува борбата за титула бидејќи Атлетико го дочекува Реал во градското дерби, а Барселона ја пречекува Алмерија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


