| четврток, 6 декември 2018 |

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ со голема предност пред СДСМ

vmro

Премиерот Никола Груевски е убедливо најпопуларен политичар во Македонија. Резултатите од најновата анкета на Институтот „Павел Шатев“ покажуваат дека Груевски има двојно поголема поддршка од граѓаните од претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Доколку утре би се одржале парламентарни избори, граѓаните повторно довербата ќе и ја дадат на ВМРО-ДПМНЕ. Според резултатите од најновата анкета на Институтот „Павел Шатев“, ВМРО-ДПМНЕ би освоила 25,8 проценти од гласовите на граѓаните, додека за СДСМ би гласале 15,3 отсто.

anketa1

 

Граѓаните и натаму најголема доверба имаат во премиерот Никола Груевски. За Груевски како почитичар во кого имаат најголема доверба се изјасниле 26,4 проценти од анкетираните. Во лидерот на СДСМ, Зоран Заев доверба имаат 7,4 отсто, додека во Радмила Шеќеринска 1,3 проценти од граѓаните кои биле анкетирани.

anketa2

 

Високиот процент на доверба кај граѓаните во Груевски несомнено уште еднаш е прикажана и преку прашањето кого граѓаните би избрале за иден премиер.

За реизбор на Груевски поддршка би дале 41,9 процент, додека за Заев би гласале речиси двојно помал број на граѓани, односно 22,3.

anketa4

 

Со 33,7 проценти поддршка од граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ е партијата која би победила на следните парламентрани избори. Овој процент е повеќе од двојно поголем од 14,5 проценти на граѓани кои би гласале за СДСМ како политичка партија.

aketa3

 

Анкетата на Институтот „Павел Шатев“ е спроведена помеѓу 16 и 19 февруари по телефонски пат на 1450 испитаници, а со цел да се утврдат перцепциите на македонските граѓани кон политичките партии и нивните лидери во Република Македонија.

Во истражувањето кое беше спроведено на ниво на Република Македонија, беа опфатени сите шест изборни единици, како и повеќе демографски карактеристики на населението вклучително пол, етничка припадност и возраст, но беше направена поделба и според руралните и урбани места на живеење при што Скопје е земено како посебна целина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top