За жал, ФА нема јурисдикција над настаните во домашни натпревари во лигата, во спротивно секако ќе има со што да се занимава.
Примери има многу и се чини дека расизмот е распространет и на островот повеќе од било кога, но апсолутно не се гледа никакво решение.
Разни преземените активности за борба против расизмот, тргнувајќи од „Кик ит аут“ кампања, доживуваа целосна фијаско.
Натпреварот во втората англиска лига помеѓу Милвол и Лидс, кој се играше во Лондон во ноември 2012 година, е сведоштво за бруталните услови во кои играат играчите на островот со африканско потекло.
Во текот на натпреварот, сенегалецот Ел Хаџи Дијуф, член на Лидс, систематски беше навредуван и тоа најмногу од блокот 28, каде на стандионот Њу Ден седи најтешкото јадро фанови на Милвол. Иако беше навредуван, никој не реагираше. Во финишот на натпреварот сенегалецот му се пожали на судијата Марк Халси, но тој дозволи да се одигра мечот.
Дијуф беше навреден со 65 расни навреди од пет лица со бела кожа, но тие не беа ни приведени, потврдила полицијата.
Камерманот кој го снимал блокот 28 рекол дека во 30-те години работен стаж, тој не слушнал погрди навреди.
Дали ФА ќе преземе нешто во врска со расизмот останува да се види.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Бура од реакции во јавноста, ѕвездите им откажуваат соработка: „H & M“ ги разбене сите со написот „најкул мајмун во џунглата“
-
Германски супермаркет со моќна порака против расизмот
-
Мунтари го напушти теренот поради расистички навреди (Видео)
-
Расизам во Србија: Бразилецот Евертон со плачење го напушти теренот во Белград


