| четврток, 6 декември 2018 |

Тимошенко не сака повторно да биде премиерка на Украина

timosenko

Јулија Тимошенко не сака повторно да стане премиерка на Украина, соопшти нејзината партија „Баткившчина“.

Тимошенко замолила нејзината кандидатура воопшто да не биде разгледана.

Според украинските пратеници, најголеми шанси да ја заземе премиерската фунција има лидерот на парламентарната група на „Баткившчина“, Арсениј Јаценјук.

Седумдесет и четворица пратеници ја напуштиле изминатите четири дена фракцијата на Партијата на регионите на Виктор Јанукович во Врховната рада, изјави еден од нејзините лидери, Серхиј Тигипко. Со над сто лица таа сепак останува најголема група во украинскиот Парламент, но повеќе нема мнозинство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top