Јулија Тимошенко не сака повторно да стане премиерка на Украина, соопшти нејзината партија „Баткившчина“.
Тимошенко замолила нејзината кандидатура воопшто да не биде разгледана.
Според украинските пратеници, најголеми шанси да ја заземе премиерската фунција има лидерот на парламентарната група на „Баткившчина“, Арсениј Јаценјук.
Седумдесет и четворица пратеници ја напуштиле изминатите четири дена фракцијата на Партијата на регионите на Виктор Јанукович во Врховната рада, изјави еден од нејзините лидери, Серхиј Тигипко. Со над сто лица таа сепак останува најголема група во украинскиот Парламент, но повеќе нема мнозинство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Ред пиво, ред шепотење: Еве како се забавуваше премиерката на Србија со својата девојка!
-
Таа е бремена и е премиерка: Тоа ќе биде прво бебе родено од мајка која е на оваа функција
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка



