Во последното деноноќие преку 200 полициски службеници ја спроведоа акцијата „Канџа“, со која направија претрес на угостителски објекти и обложувалници во тетовско-гостиварскиот регион.
Акциската контрола во угостителските објекти имаше цел да пронајде странски државјанки кои имаат нерегулиран престој во земјава, нелегално вработени како пејачки, танчарки, келнерки или придружнички, а кои се можни жртви на трговија со луѓе.
Во последното деноноќие преку 200 полициски службеници ја спроведоа акцијата „Канџа“, со која направија претрес на угостителски објекти и обложувалници. Спроведувањето на полициската контрола во обложувалниците била со цел откривање субјекти кои вршат дејност без лиценца.
Во угостителките објекти се пронајдени 64 државјани, 61 женски лица и 3 машки. Од нив 58 женски и 3 машки се привендени во полициските станици во Тетово и во Гостивар. Против нив ќе бидат поднесени барања за поднесување прекршочна постапка и нивно протерување од земјата, со што ќе им се изрлече забрана за влез во Македонија.
Пронајдени се и 3 албански патни исправи на име на женски лица кои не се затекнати во моментот на акцијата таму. Полицијата допрва ќе утврдува дали овие патни исправи се предмет на евентуално манипулирање при нелегалните преминувања во земјата.
Во акцијата се пронајдени два пиштоли, од кој едниот е со дозвола, а другиот во процедура, бејзбол-палки, ножеви и растителна материја за која се претпоставува дека е марихуана.
Во направената контрола на 13 објекти кои работеле како обложувалници, само една од нив имала лиценца за работа. Изречени се парични глоби во висина од 750 евра за физичко лице и 2.500 евра за правно лице. Констатирани се прекршоци од Законот за пушење и даночна постапка и издадени се решенија на дел од објектите за забрана за вршење дејност во рок од 30 дена.
Одземени се близу 300 илјади денари и 440 евра, 55 телевизори, 29 компјутери, 20 монитори и други апарати од локалите.
Ова е најобемната акција спроведена во Македонија за контрола на угостителски објекти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


