| четврток, 6 декември 2018 |

Се разведува Мерил Стрип

До заладување на односите меѓу долгогодишните сопружници дошло поради наводното неверство на Мерил, но и нејзината преголема посветеност на работата.

„Нејшнл Енквајр” објавува дека Дон се чувствува изневерен, бидејќи дознал за бројните неверства на Мерил, а повреден е и затоа што актерката кариерата, секогаш ја ставала на прво место.

Неодамна во медиумите се појави биографијата на легендарниот актер Џек Николсон, во која е откриено дека тој имал афера со Мерил Стрип за време на снимањето на драмата „Ironweed”. Во тоа време Мерил била во брак со Дон.

Мерил и Дон се во брак од 1978 година. Имаат четири деца, синот Хенри и ќерките, Мами, Грејс и Луиза.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top