| четврток, 6 декември 2018 |

Протести во Франција: повредени повеќе лица меѓу кои 8 полицајци

Во судири меѓу силите на редот и ултралевичарите се претворија протестите против изградбата на регионалниот аердором Нотр-Дам де Ланд во близината на Нант, оставајќи пустош во центарот на Нант.

Во саботата попладнето повредени  се и повеќе лица, меѓу кои осум полицајци кои се хоспитализирани, а десет лица беа лишени од слобода.

Во ценатарот на Нант утрово може да се видат искршени излози, опустешени канцеларии на „Винци“, групата концесионер на идниот аеродром, нападната е и  полициска станица, поставени се барикади на пругата.

Според организиаторите на протестот учествувале околу 60.000 лица, со околу 520 трактори, додека според полицијата биле само 20.000 лица од кои 1.000 радикални елементи од ултралевицата и Блак Блок, истите кои учествуваат на протестите против Г-8, кои ги предизвикаат нередите и судирите со полицијата.

И покрај судирите со силите на редот, организаторите се задоволни со протестот против изградбата на аеродормот, кој е силно поддржан од француската Влада, чиј премиер е поранешен градоначалник на Нант.

Премиерот Жан Марк Еро ги осуди насилничките акти од радикалните елементи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top