Хоаким, „Ел Чапо“ Гузман водач на мексиканскиот картел Синалоа, и човек за кој се смета за најголем и најмоќен дилер на дрога во светот вечерва е уапсен од мексиканските и американските власти, јави Асошиетед прес.
Извори од американската даминистрација за агенцијата, изјавиле дека Гузман е муапсен во еден хотел во град со излез на море, без да посочи точно каде.
Империјата на Гузман се протега низ цела Северна и Јужна Америка, а картелот има најсилни позиции и во Европа и Австралија. Гузман беше на првото место на најбараните криминалци на ФБИ. Неговиот картел до неодамна водеше жестока војан со конкуренција и на крај победи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.