Венус Вилијамс одигра одличен турнир во Дубаи и заслужено и се радува на 45. титула во кариерата, по триумфот од 6-3, 6-0 против Ализ Корне. Патем Вилијамс и се одмазди на противничата од Франција за поразот на нејзината сестра Серена во полуфиналето кога Корне направи сензација победи со 2-0 во сетови и спречи финале на сестрите Вилијамс.
Интересно е што Винус авантурата во Дубаи ја почна во знак на бројот 44. Пред стартот на турнирот имаше 44 ВТА титули и тргна во поход на титулата од 44. позиција на светската ранг-листа. Сега сигурно ќе напредува, а полека според бројот на освоени трофеи се приближува до место во топ-5 на вечната листа. Венус порано беше најдоброрангирана светска тенисерка, исто како и нејзината сестра Серена, кој моментно е лидер на ВТА со убедлива предност пред конкурентките.
И Корне одигра одличен турнир, но не успеа да се закити со четвртата титула во кариерата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.