| четврток, 6 декември 2018 |

Трагикомично видео: Патници туркаат воз

Патници во возот кој патувал од Куфштејн, Австрија до Минхен, Германија, наместо да уживаат во своето купе, мораа да го туркаат своето возило.

Возот на приватниот превозник „Меридијан“, кој од минатата година ја презеде линијата Минхен-Кафштајн на почетокот на минатата недела застана на германско- австриската граница поради проблеми со електрониката .

Покрај тоа, проблемот се случи на делот каде што нема електрична енергија, што е честа појава на границите, поради различните напони во државите.

Наместо да чекаат за помош, возачот на локомотивата ги замоли патниците да му помогнат и да го поттурнат возот. Оваа акција беше успешна, бидејќи возот, со силата на патниците достигна делот каде што повторно доби напојување.

Иако се заврши без проблеми, возачот ќе одговара пред законот за загрозување на патници и поради влијанието врз железничкиот сообраќај.

voz

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top