| четврток, 6 декември 2018 |

Почна дупчење за бунарите во Гевгелија

bunarВо Гевгелија почна дупчење на првиот бунар од бунарското подрачје кај Вардар кој ќе обезбеди дополнителни количини квалитетна вода за пиење во регионалниот водовод. Надлежните очекуваат да се обезбедат 50 литри вода во секунда и доколку се дојде до посакуваната количина, веднаш ќе се направи уште една проверка на квалитетот на водата и ќе се пристапи кон изградба на бунарот.
Паралелно со ова, гевгелиското јавно претпријатие „Комуаналец“, организира одредување и означување на заштитни зони околу сите бунарски подрачја во Гевгелија и населените места со цел да се обезбеди целосна заштита на бунарите и резервоарите со вода за пиење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top