| четврток, 6 декември 2018 |

Фелипе Маса: Верувам дека Шумахер ќе се разбуди и ќе ужива во животот

Бразилскиот пилот во Формула 1, Фелипе Маса, оваа недела го посети поранешниот тимски колега Михаил Шумахер во болницата во Гренобл.

Шумахер веќе еден и пол месец лежи во болницата и е во вештачка кома по тешката повреда на главата која ја доби за време на скијањето во Франција.

Маса по посетата на Шумахер им изјави на новинарите:

– Секогаш сум оптимисит, а и во овој случај сум оптимист. Изгледа сосема нормално, иако не сум лекар и не можам да давам никакви прогнози. Додека му зборував, ги мрдаше усните. Верувам, а и сите мораме да веруваме дека Шумахер ќе се разбуди и ќе ужива во животот.  Му зборував за многу работи, му кажував за новиот болид, за новиот тим. Повеќе пати му велев да се разбуди. Јас верувам во тоа – изјави Фелипе Маса.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top