| четврток, 6 декември 2018 |

Кафето ќе поскапи

kafe
Време е да почнете да правите резерви од кафе. Во Бразил, земјата која покрива третина од светските потреби за потрошувачка на кафе, владеат лоши услови за производство на кафе. Суша ја погоди земјата и се очекува дека родот ќе биде за 30 отсто помал од минатата година поради што се очекува кафето да поскапи, пренесува агенцијата Блумберг.
Освен во Бразил, кафето се произведува и во Колумбија, Етипопија, Гватемала, Перу, Мексико.

Меѓутоа, Бразил убедливо го држи првото место во производството. Така земјата произведува повеќе кафе отколку што заедно годишно произведуваат 10 држави кои се на врвот на листата на производители на кафе. На пример, во Бразил се произведува четири пати повеќе кафе „арабика“ отколку во Колумбија, која е на второ место на светската листа на производители на кафе.

Затоа е извесно дека сушата која го погоди Бразил ќе се одрази на цената на кафето насекаде во светот. Прашање е само колу цената ќе порасне.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top